обнови
обноват; обновил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6029
1.
Врати, доведе во поранешната состојба нешто старо, разурнато.
Примери:
Селаните го обновија разурнатиот манастир.
Тој ја обнови старата куќа.
Нашата фирма ќе ги обнови улиците во градот.
Слично со:
реставрира (св. и несв.)
2.
Одново, повторно востанови, претстави, оживее нешто.
Англиски:
revive
Албански:
rigjallëroj
Печатницата ја обнови својата издавачка дејност.
Тој ги обнови старите пријателства.
Актерите решија да ја обноват претставата.
Слично со:
востанови (св.)
3.
Повтори, одново преземе, актуализира нешто.
Примери:
Владата ќе го обнови судскиот процес.
Претпријатието го обнови конкурсот за директор.
Слично со:
повтори (св.)
4.
(се обнови) Се врати во поранешната состојба.
Примери:
Здравјето ми се обнови по престојот на село.
Слично со:
врати (св.)
5.
(се обнови) Се врати повторно во свеста, се сети на нешто.
Примери:
Кога ги видов сликите, ми се обнови сеќавањето за старите другари.
Таму ми се обновија спомените за детството.
Слично со:
сети (св.)
Изведенки
1.
обновува несв.
(се) обновуваат
(се) обновуваат
2.
обновување ср.
глаг. им.
глаг. им.