а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

обожава

обожаваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 7025
1. Велича, почитува некого или нешто како Бог, божество.
Англиски: worship Албански: adhuroj
Примери:
Египќаните го обожавале Сонцето.
2. Сака некого или нешто, се восхитува од некого или од нешто; е приврзаник, љубител на нешто.
Англиски: admire, enjoy Албански: adhuroj, admiroj
Примери:
Учениците го обожаваа својот професор.
Таа ја обожава сината боја.
Тој обожава поезија.
Тој ја обожава македонската кујна.
Таа обожава да ги чита делата на Шекспир.
Изведенки
обожавање ср.
глаг. им.