а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

обои

обојат; обој, обојте; обоив, обоија; обоил; обоев, обоеја; обоел; обоен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 9735
1. Стави боја, премачка нешто со боја.
Англиски: dye Албански: lyej me bojë
Примери:
Сликарот ја обои сликата.
Ја обои вратата со бела боја.
2. Даде, изрази некаква специфичност, обележи со нешто.
Англиски: mark Албански: shënoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таквите сфаќања го обоиле начинот на мислење на човекот од тоа време.
Суровата реалност го обои нивното творечко дело.
Изведенки
обојува несв.
обојуваат