а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

огледа

огледаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 9976
1. Прегледа, разгледа внимателно.
Англиски: look around Албански: shikohem
Примери:
Луѓето што дојдоа го огледаа целиот имот.
2. (се огледа) Се погледне во огледало или во некоја друга мазна, блескава површина.
Англиски: mirror Албански: shikohem, pasqyroj
Примери:
Таа се огледа во огледалото и излезе.
Детето се наведна и се огледа во реката.
3. (се огледа) Се обѕрне, погледне лево-десно, наоколу.
Англиски: look around Албански: shikon rreth e rrotull
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој сѐ огледа околу себе.
Децата се огледаа наоколу и почнаа да трчаат.
4. (се огледа) Се одрази во нешто.
Англиски: mirror Албански: pasqyron
Употреба: Преносно значење
Примери:
Нашиот успех се огледа во конкретни резултати.
Војната и револуцијата се огледаа во неговиот творечки опус.
Изведенки
1. огледува несв.
(се) огледуваат
2. огледување ср.
глаг. им.