а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

огребе

огребат; огреби, огребете; огребав, огребаа; огребал; огребан; (ќе) огребев, (ќе) огребеа; (ќе) огребел; огребен
Вид збор: Глагол, свршен
1. Направи гребаница, издраска некого или нешто со нокти, со остар предмет, со трње и сл.
Англиски: scratch Албански: gërvisht
Примери:
Мачката го огреба детето.
Трњето ме огребаа по рацете.
2. Иструже, со гребење симне од површината нешто.
Албански: gërvisht
Примери:
Го огребав тенџерето мешајќи силно.
3. (се огребе) Издејствува материјално добро без пари од некого.
Албански: shfrytëzoj
Употреба: Разговорно
Примери:
И овој пат се огреба, се наруча кај вујна му.
Изведенки
1. огребува несв.
огребуваат
2. огребување ср.
глаг. им.