огрее
огреат; огреј, огрејте; огреав, огреаја; огреал; огреан; огреев, огрееја; огреел; огреен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6974
1.
За сонце, месечина - изгрее, се појави.
Примери:
Сонцето огреа, ајде станувај!
Пред да огрее сонцето, тие го напуштија градот.
Месечината огреа и ја осветли шумата.
2.
За сонце, месечина - осветли некого или нешто.
Примери:
Сонцето ги огреа на половина пат до селото.
Сончевите зраци го огреаја лицето на детето во креветчето.
Месечината го огреа чардакот на куќата.
Слично со:
осветли (св.)
3.
Загрее, стопли некого или нешто.
Примери:
Таа го зеде детето и го огреа крај огнот.
Бабата му ги огреа рацете на детето со триење.
Старецот си ги огреа смрзнатите нозе на огнот.
Слично со:
затопли (св.)
4.
Обземе чувство на милост, убавина, задоволство.
Примери:
На лицето му огреа насмевка.
Очите му огреаја со радосен сјај.
Ме огреа нејзината убавина.
5.
(се огрее) се згрее, се стопли
Примери:
Децата се огреаја на огнот во колибата.
Слично со:
стопли (св.)
Изрази
Ме (те, го...) огреа среќа / сонце - постигне успех, успее во нешто.
Изведенки
1.
огрева несв.
(се) огреваат
(се) огреваат
2.
огревање ср.
глаг. им.
глаг. им.