оддел
мн. оддели
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 3547
1.
Составен дел од организација, институција, установа.
Англиски:
department
Албански:
sekcion
Хируршки оддел.
Одделот за образование при Општината.
Слично со:
отсек (м.)
2.
Дел, заглавие на книга, весник и сл.
Англиски:
section
Албански:
pjesë, seksion
Последниот оддел од трудот претставува сумирање на резултатите од истражувањето.
3.
Гранка, дисциплина од поширока област што се одликува со посебни карактеристики.
Англиски:
field
Албански:
fushë, disciplinë
Оддел за генетика во рамките на биотехнологијата.