озон
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 39445
Отровен син гас од молекули што содржат три атоми кислород; алотропска модификација на кислород кој се наоѓа во горната атмосфера каде што го апсорбира поголемиот дел од штетното ултравиолетово зрачење на сонцето.
Примери:
Дишеше од воздухот полн со озон.
По дожд и грмежи озонот се јавува во поголема концентрација во воздухот.