а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

олесни

олеснат; олесна; олеснил; олеснет
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2587
1. Направи некому да му биде полесно нешто.
Англиски: ease Албански: lehtësoj
Примери:
Тој многу ми ја олесни работата.
2. Стане полесен.
Англиски: slim Албански: dobësoj
Примери:
Јадев нередовно и веднаш олеснив за два килограми.
3. Стане недоветен.
Албански: t'holloj
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Не слушај го што зборува, во последно време како да олесни во умот.
4. (се олесни) Се растовари од грижа, мака, тешкотија - со кратка личнозаменска форма.
Англиски: relax Албански: lehtësoj
Примери:
Кога слушнав дека сѐ добро се завршило, ми се олесни.
Изведенки
1. олеснува несв.
(се ) олеснуваат
2. олеснување ср.
глаг. им.