опише
опишат; опиши, опишам, опишете; опишав, опишаа; опишал; опишан; (ќе) опишев, (ќе) опишеа; (ќе) опишел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1958
1.
Даде опис, претстави, прикаже некого или нешто со опис.
Англиски:
describe
Албански:
përshkruaj
Тој до подробности го опиша целиот настан.
Не може да се опише со зборови.
2.
Даде, изложи систематски карактеристични особини, црти на нешто за научна цел.
Англиски:
characterize
Албански:
përshkruaj
Авторот ги опишал носиите од тој крај.
Слично со:
карактеризира (св. и несв.)
3.
Нацрта, повлече некаква линија или фигура.
Англиски:
draw
Албански:
vizatoj, tërheq
Таа опиша пред себе полукруг со десната рака.
Планетата ја опиша својата елипса околу Сонцето.
Слично со:
повлече (св.)
Изведенки
1.
опишува несв.
опишуваат
опишуваат
2.
опишување ср.
глаг. им.
глаг. им.