опне
опнат; опни, опнете; опнав, опнаа; опнал; опнат; опнев, опнеа; опнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 19161
1.
Силно напрегне, запне да направи нешто.
Примери:
Токму поради стравот што пред малку му ги стегна градите, сега уште посилно опна, па побрза да се врзе со појасот.
Со јуриш опнаа да влезат - не бива.
2.
Затегне, доведе нешто во затегната, оптегната состојба.
Англиски:
tighten
Албански:
shtërngojë
Тромите прсти удрија по опнатите жици.
Слично со:
затегне (св.)
3.
За дел од тело - истегне, протегне, испружи.
Примери:
Ги опна рацете кон ѕидот и силно воздивна.
4.
стави, намести
Примери:
Ја опнале тавата, ги напржиле рибите.
Ги опнаа фурките да предат.
Опнал ловџиска пушка на рамо и по цел ден се врти околу селото.
5.
За шатор - оптегне, растегне.
Примери:
Го упатија кон она шаторско крило што го опнаа под една карпа.
Слично со:
растегне (св.)
6.
Удри, тупне, перне некого.
Примери:
Не сакајќи, го опна со лактот по главата.
Слично со:
удри (св.)
7.
Даде, наметне нешто на сила.
Примери:
Багажот мене ми го опнаа да го носам.
8.
Натера, принуди некого да работи, да прави нешто.
Примери:
Ех, да ги опнам малку на сонце, та малку да пожнијат, ќе заборават каде им е главата, а каде нозете.
9.
Испие, изeдe наеднаш нешто.
Примери:
Опна eдна чашка, опна две и сè подобро се чувствуваше.
10.
Започне да прави нешто.
Примери:
Штом ќе излезеше од селото, ќе опнеше еден разговор за времето со него.
Опна некаква песна - не песна, ами нешто долго - крај немаше.
11.
(се опне) Се напрегне, запне да направи нешто.
Примери:
Се опна да ја дигне вреќата сам.
12.
(се опне) Се истегне, се протегне, се испружи.
Примери:
Тенките и ковчести раце на првиот пак се опнаа.
13.
(се опне) Се наметне некому, отиде некому без срам.
Примери:
Вечерта неколкумина од нив му се опнаа дома на разговор.
Изведенки
1.
опнува несв.
(се) опнуваат
(се) опнуваат
2.
опнување ср.
глаг. им.
глаг. им.