опседнат
опседнатиот
Вид збор: Придавка
Ранг: 8986
1.
Што е под опсада.
Примери:
опседнат град
2.
Што е обземен, занесен, преокупиран со нешто.
Примери:
Тие беа премногу опседнати со својот општествен ранг и со можностите што тој им ги даваше.
Сопругата го прашуваше, но не доби одговор, зашто тој беше опседнат со нешто друго.
Изведенки
опседнатост ж.
опседнатоста
Пример:
опседнатост со медиумите