а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

освежи

освежат; освежам
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 8820
1. Направи да биде свеж, да се излади.
Англиски: refresh Албански: freskoj
Примери:
Студената вода ќе те освежи.
Дождот ќе ги освежи посевите.
2. Стане свежо, поладно од порано.
Англиски: freshen Албански: freskohet
Употреба: Безлично
Примери:
Вечерта освежи.
3. обнови, поднови
Англиски: renew Албански: përtrij
Употреба: Преносно значење
Примери:
Режисерот ја освежи претставата со нови актери.
Го освежиле салонот со нови уметнички слики.
4. (се освежи) се излади
Англиски: refresh Албански: freskohem, flladitem
Примери:
Жетварите се освежија со студена изворска вода.
Изведенки
освежува несв.
(се) освежуваат