а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

освести

освестат; освестил; освестен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5647
1. Поврати онесвестен во свесна состојба.
Англиски: reanimate Албански: vjen në vehte, zgjoj, reanimacion
Употреба: Медицина
Примери:
Анестезиологот го освести пациентот по завршената операција.
Жената ја освестија со студена вода.
2. Помогне некому да стане свесен за нешто, за своите интереси и сл.
Англиски: sober Албански: kthjelloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Чичко ми ме освести за некои случувања во врска со работата.
3. (се освести) Се поврати во свесна состојба.
Англиски: wake up Албански: zgjohem
Примери:
Машиновозачот се освести по два часа.
4. (се освести) Стане свесен за нешто.
Англиски: aware Албански: vetëdijsohem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој се освести навреме и се повлече од тоа друштво.
Изведенки
1. освестува несв.
(се) освестуваат
2. освестување ср.
глаг. им.