остен
мн. остени
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 10764
1.
Стап со остар железен шилец на крајот за спотерување на запрежен рогат добиток.
Примери:
Викајќи, ги задупи биволите со остенот.
2.
Мера за должина на патот на небесните тела.
Примери:
Од исток сонцето отскокнало еден остен.
До зајдисонце имаше уште два остена.
Изрази
Го, јаде (крка) остенот - јаде ќотек, го тепаат.
Не може остен да го крене - не може да стане поради премореност, мрза или друго нешто.