памук
(едн.) памукот
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 6090
1.
Индустриска култура чиј плод се користи за изработка на текстилно влакно.
Примери:
Некогаш полињата се белееја од цветот на памукот.
Слично со:
бубаќ (м.)
2.
Влакна од памуков плод.
Примери:
чешлан памук
египетски памук
3.
вата
Примери:
Стави памук во ушите, ако не сакаш да слушаш!
4.
Текстилна ткаенина од памук.
Кошулата е од чист памук.
Блузава од памук ли е или од волна?
Вид: ткаенина (ж.)
Изрази
Со памук му ја вади душата - незабележливо, со прикриена љубезност малтретира некого.
(разг.) Како памук да има во ушите - не слуша.
Изведенки
1.
памукче ср.
мн. памукчиња
дем. од вата
Пример: Натопи памукче со алкохол.
мн. памукчиња
дем. од вата
Пример: Натопи памукче со алкохол.
2.
памуче ср.
мн. памучиња
дем. (памукче)
мн. памучиња
дем. (памукче)