а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

печат

мн. печати
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1605
1. Прибор со изрежани знаци за отпечатување врз хартија, восок и др.
Англиски: seal Албански: vulë
Примери:
Донеси го сега печатот.
Чувар на државниот печат.
Удри го печатот.
2. Отпечатокот добиен од печат.
Англиски: imprint Албански: vulë
Примери:
Печатов не е излезен убаво.
Писмо со печати.
(разг. книж.) Книга со седум печати.
3. (само едн.) Трага, белег, отпечаток на нешто.
Англиски: mark Албански: vulë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Деноноќните напори оставија печат врз нашите борци.
Неговите творби носат печат на прочитаната лектира.
4. Печатење на книги, весници.
Англиски: printing Албански: shtyp, botoj
Примери:
Книгага е во печат.
Ракописите се дадени за печат.
Делото е веќе излезено од печат.
Готов за печат.
5. Надворешен изглед на напечатеното.
Англиски: print Албански: shtyp
Примери:
Убав печат
Лош печат.
6. Весници, списанија; збир од печатени изданија; печатени медиуми.
Англиски: press Албански: shtypi, botimi
Примери:
Дневен печат.
Периодичен печат.
Домашен печат.
Странски печат.
Слобода на печатот.
Закон за печатот.