пече
пече, печат; печи, печете; печев, печеа; печел; печен; печејќи; пеков, пекоа; пекол, пекле
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 2850
1.
Приготвува храна со суво греење на оган, на жар, во фурна.
Примери:
пече леб, пече месо
Слично со:
приготвува (несв.)
2.
Со оган го прави годен за употреба.
Примери:
пече ќерамиди, пече тули, пече вар
3.
пржи, вари
Примери:
пече ракија, пече наут
4.
За печка - при загревање може да зготви храна.
Примери:
Шпоретот ни се погоди: убаво пече.
6.
За пиперка; рана - лути.
Примери:
Раната ме пече.
Пиперката ме пече во устава.
Слично со:
лути (несв.)
9.
учи, изучува
Примери:
Три години го пече чевларскиот занает.
10.
(се пече) Се топли, се загрева
Примери:
Зимно време дедо си го печеше грбот.
Си ги печеше нозете (е на сонце).
11.
(се пече) Се приготвува за храна.
Примери:
Се вареа манџи, се печеа јагниња.
12.
(се пече) се сoнча
Примери:
Цело лето се печат на сонце.
(разг. ирон.) На едно сонце се печеме.
Слично со:
сонча (несв.)
13.
(се пече) се грее
Примери:
Мачката се качила на катот да се пече.
Изрази
(разг.) Вари го, печи го - тој си е.
Како на ражен да го печат.
(посл.) Не за кого е печено, ами за кого е речено.