пие
пијат, пијам; пив; пиел, пиев, пиеја
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 556
1.
Голта течност.
Примери:
Пие вода, млеко, кафе, чај, лимонада.
(разг.) Во чаша да го пиеш.
Слично со:
голта (несв.)
2.
Употребува алкохолни пијачки.
Примери:
Не пие и не пуши.
Јади, пиј, весели се.
4.
впива, шмука
Примери:
Сува земја ја пие водата.
(разг.) Крвта ми ја пие.
Слично со:
впива (несв.)
5.
Во здравици - испива во чест на некого или нешто.
Примери:
Ја пијам оваа чаша за среќа и успеси на вашиот народ.
Слично со:
наздрави (св.)
Изрази
(посл.) Не оди: буцни прачка, пиј вино.
(разг.) Јас пијам, ти се пијаниш.
(разг.) Кога ќе пиеме крчма (за аирлија)?