а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

планински

планинска
Вид збор: Придавка
Ранг: 1435
1. Што се однесува на планина.
Англиски: mountainous Албански: malësorë
Употреба: Географија
Примери:
планинска верига
планинска вода
планински воздух
планинска населба
2. Што живее или расте в планина.
Албански: malësorë
Примери:
планински цвеќиња
планински човек
3. Што е за в планина.
Албански: malësorë
Примери:
планинска артилерија
4. За крај, место - што е со планини.
Англиски: mountainous Албански: malësie
Употреба: Географија
Примери:
планински крај
планинска област
Изрази
Планински чај - лековито растение што расте на високи места, со ситни темновиолетови цветови во розета на врвот од гранчињата; Origanum vulgare.