плисне
плиснат; плисни, плиснете; плиснав, плиснаа; плиснал; плиснат; плиснев, плиснеа; плиснел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 7759
1.
Излее, блисне течност со силен замав.
Примери:
Жената плисна неколку кофи вода врз подот.
Го плисна соговорникот со чаша вино в лице.
Слично со:
излее (св.)
2.
Блисне вода врз делови од телото или врз човек општо.
Примери:
Го плисна коњот со кофа вода.
Слично со:
блисне (св.)
3.
За дожд - почне силно да врне.
Примери:
Уште на вториот километар се стемни и дожд плисна од небото.
4.
За бран, езеро, море, река.
Примери:
Бранот го плисна бротчето и го преврте.
Водата ги плисна камењата.
Слично со:
заплискува (несв.)
5.
(за чувства) Разлее како вода, како бран.
Примери:
Топлина го плисна во лицето.
Тој плисна омраза.
Слично со:
разлее (св.)
7.
(се плисна) Се прсне себеси со вода.
Примери:
Се плисна во лицето надве-натри.
Тој се плисна со студена вода за да се расони.
Слично со:
прсне (св.)
8.
(се плисна) Се блисне течност од некаков сад.
Примери:
На жената и се плисна млеко од ведрото додека го креваше на масата.
Слично со:
блисне (св.)