плука
плукаат; плукал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 4479
1.
Исфрла плунка, крв и сл.
Примери:
Плука по собата.
Не плукај по подот.
2.
Исфрла нешто каснато.
Примери:
Кога јадеш цреши, плукај ги коските.
3.
Искажува презир кон нешто.
Примери:
Плукам на таков живот.
Некогаш го фалеше тоа, а сега плука на него.
Слично со:
презира (несв.)
4.
(се плука, само во мн.) Се плукаат заемно.
Примери:
Се плукаат еден со друг.
Изрази
(посл.) Нов бунар копај, на стариот не плукај - барај, стреми се кон ново, но не презирај го старото.
(посл.) Не плукај угоре, да не падне на тебе - не прави лошо, да не ти се врати лошото.
Не плукај спроти ветер - лошото што го зборуваш (го правиш) ќе ти се врати тебе.
Кај што плукам не лижам - дадениот, кажаниот збор не го повлекувам.