плукне
Види и:
плука (несв.)
плукнат; плукни, плукнете; плукнав, плукнаа; плукнал; (ќе) плукнев, (ќе) плукнеа; (ќе) плукнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4775
Исфрли од уста плунка или нешто друго.
Англиски:
spit
Му плукнал в лице.
Сега плукни го запчето.
(разг.) Сега му ја плукнавме.
Изрази
(посл.) Кај си плукнал, не лижи.
Си плукна во рацете - се зафати сериозно со некоја работа.
Ќе ми плукнеш под пенџере - ништо не ми можеш.
Плуки си во пазува - желба да не се случи нешто лошо.