повеќе
Вид збор: Прилог
Ранг: 146
1.
Компаратив од многу.
Примери:
Колку повеќе се оддалечуваше од селото, толку потешко му беше.
Сакаше повеќе да слуша одошто да зборува.
2.
предимно, често
Примери:
Постарите повеќе слушаат народна музика.
Сега повеќе се оди во црква одошто порано.
Слично со:
предимно (прил.)
3.
Понатаму од даден момент.
Примери:
Не одеше повеќе таму.
Не слушај го повеќе што ти зборува.
Ова повеќе не се издржува.
Повеќе ништо не рече.
Повеќе ни збор!
Слично со:
веќе (прил.)