а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

поврзе

поврзе, поврзат; поврзи, поврзете; поврзав, поврзаа; поврзал; поврзан; поврзев, поврзеа; поврзел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3102
1. Врзе, спои, соедини едно со друго.
Англиски: connect Албански: lidh
Примери:
Ги поврза жиците и светилките светнаа.
2. Воспостави сообраќајна врска меѓу населени места.
Англиски: tie Албански: lidh
Примери:
Камениот мост ги поврзува двата дела од градот.
3. Овозможи некому врска, контакт на некаков начин.
Англиски: contact Албански: kontakt
Примери:
Поврзете ме, ве молам, со одговорниот.
4. Установи врска меѓу одделни појави, доведе во врска едно со друго.
Англиски: tie up Албански: lidh
Употреба: Преносно значење
Примери:
Успеа да ги поврзе сите елементи во една целина.
5. (се поврзе) Стапи во врска, оствари контакт еден со друг.
Англиски: ring Албански: lidh, fut në rreth
Примери:
Еве, пак ѕвонам по телефон и не можам да се поврзам.
Изведенки
1. поврзува несв.
(се) поврзуваат
2. поврзување ср.
глаг. им.