а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

подбере

подберат; подбрал
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 10089
1. Скине, набере лист, плод одоздола.
Албански: gris
Примери:
Тутунот треба веќе да се подбере.
2. Нападне, се нафрли на некого физички или со зборови со викање.
Англиски: attack Албански: vërsul
Примери:
А и луѓето кога ќе врвеа крај него, физички плашливо подбегнуваа настрана, та да не ги подбере со роговите.
Кога го подбра со нозе, му ги искрши коските.
Директорот изутрина ги подбра тие што задоцниле на работа.
3. Спобрка, спотера некого да побрза во работа, во одење итн.
Англиски: pressure Албански: ndjek
Примери:
Ако не ги подбереш, не се фаќаат за работа.
Полицијата ги подбрала селаните и ги довела на сретсело.
4. Направи подбор, одбере, избере.
Англиски: select Албански: përzgjedh
Примери:
Подбери нешто од алиштата, да им дадеме.
5. (се подбере) Обично со назив на место - тргне некаде на пат.
Англиски: befall Албански: nisem
Примери:
Еден ден, струшките приредбари се подбраа во Охрид.
Изведенки
1. подбира несв.
подбираат
2. подберува несв.
подберуваат
3. подберување ср.
глаг. им.
4. подбирање ср.
глаг. им.