а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

подвие

подвијат; подвиј, подвијте; подвив, подвија; подвил; (ќе) подвиев, (ќе) подвиеја; (ќе) подвиел; подвиен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 23192
1. Свие на некој начин.
Англиски: bend Албански: hark
Примери:
Ја подви страницата на книгата, да се сети до каде стаса при читањето.
2. Пораби облека или дел од облеката.
Албански: bëj anëz
Примери:
Мајката му ги подви ногавичките на детето и го пушти да шлапка по водата.
Шивачката го подви фустанот на означеното место.
3. Свитка дел од телото под себе.
Англиски: bend Албански: krrus
Примери:
Кучето ја подви опашката и избега.
Ги подви нозете под себе и така седна да ниже тутун.
4. (се подвие) Се свие на некој начин.
Англиски: bend Албански: përkulem
Примери:
Ливчињата на цветот се подвиле.
Листот се подвил, та дури се стуткал.
5. (се подвие) Се свитка поради нешто, обично од тежината или под некаков товар.
Англиски: bend Албански: përkulem
Примери:
Се подвил под тежината на вреќата со брашно.
Стариот се подвил, очите му гледаат надолу и неодредено настрана.