подводен
подводни
Вид збор: Придавка
Ранг: 7360
1.
Што се наоѓа под нивото на водата.
Примери:
подводен гребен
подводни пештери
2.
Што е за дејство под нивото на водата.
Примери:
подводна мина
подводна пушка
3.
Што се врши под вода.
Примери:
Подводното снимање се одвиваше тешко.
4.
Што расте, што живее под вода.
Примери:
подводен свет
подводни треви
5.
Место што е водоврично.
Примери:
подводен крај