а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

подрашири

подрашират
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 24978
1. Рашири малку повеќе во просторот.
Англиски: expand Албански: zgjat
Примери:
Го подраширија малку дуќанот.
2. Рашири по обем, прошири нешто (дејност, влијание), малку повеќе, во некоја мера.
Англиски: expand Албански: zgjat
Примери:
Добро им тргна, ја подраширија работата со зеленчукот.
Го подраширивме нашето влијание на тој дел од населението, ама има уште многу работа на терен.
3. Отвори малку повеќе, донекаде, во некоја мера, повеќе од порано.
Англиски: widen Албански: zgjeroj
Примери:
Ги подрашири рацете како да ќе го гушне.
Кога виде кој иде, тој ги подрашири очите од чудење.
4. (се подрашири) Се рашири во просторот малку, донекаде.
Англиски: spread Албански: përhap
Примери:
Кругот околу огнот се подрашири.
Со доградбата се подраширивме малку.
5. (се подрашири) Отвори, рашири малку, донекаде.
Англиски: widen Албански: zgjat
Примери:
Очите му се подраширија од чудење, кога виде кој иде.
Таа се подрашири малку во колковите и расцути.
6. (се подрашири) Се рашири по обем малку, донекаде.
Англиски: spread Албански: përhap
Примери:
Болеста се подрашири и на соседните села.
Трговијата се подрашири и сега добро се живее.
Изведенки
подраширува несв.
(се) подрашируваат