а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

подуе

подујат, подуј, подујте; подув, подуја, подул, подуел; подуен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 22819
1. Рашири обем на нешто со дуење, дување, со внесување воздух или гас под притисок.
Англиски: inflate Албански: fryj
Примери:
Детето зеде воздух, ги поду образите и силно го испушти воздухот.
Ветерот ја поду завесата низ отворениот прозорец.
2. Прејаде, препие некого.
Англиски: oversaturate Албански: ha më tepër se duhet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Домаќинката ги подула децата со торта.
Крчмарот ги поду гостите со богато мезе и ракија.
3. Изнервира со постојано зборење.
Албански: mërzit
Употреба: Преносно значење
Примери:
Доста бе, ме поду со твоето дрдорење!
4. (се подуе) Го зголеми својот обем.
Англиски: swell Албански: zmadhon
Примери:
Планинарот целиот се подул од каснувањето на змијата.
Расипаната конзерва се подула.
5. (се подуе) Се прејаде, се препие.
Албански: ha më tepër se duhet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој се поду од јадењето.
Тој се поду од пивото што го испи во големи количини.
Изведенки
1. подува несв.
(се) подуваат
2. подување ср.