поетски
поетска
Вид збор: Придавка
Ранг: 2297
1.
Што припаѓа, што се однесува на поет и поезија.
Примери:
поетски творби
поетски јазик
поетски талент
поетска слобода
поетска инспирација
2.
Што е со возвишени чувства и со нагласени емоции.
Примери:
поетски настроена
Тој е поетска душа.
Изведенки
поетски прил.
Пример:
Се изразува поетски.