позасили
позасилат
Вид збор: Глагол, свршен
1.
Засили нешто малку повеќе.
Примери:
Ветрот позасили и туркаше цели гранки.
Борбите позасилија.
Клубот ја позасили одбраната со неколку играчи.
2.
(се позасили) Се засили малку повеќе.
Примери:
Откако се позасили, викна на цел глас.
Тие се позасилија кога сфатија дека сме уплашени.
Изведенки
позасилува несв.
(се) позасилуваат