позближи
позближат; позближил
Вид збор: Глагол, свршен
1.
Направи нешто да биде во понепосредна близина.
Примери:
Ги позближија масите една до друга.
2.
Развие поблиски, пријателски односи.
Примери:
Заедничкото патување ги позближи.
3.
(се позближи) Се најде многу поблиску еден до друг.
Примери:
Тие се позближија и се наредија во еден ред.
4.
(се позближи) Се зближи, се спријатели, стане близок со некого.
Примери:
Тие се позближија и си ги кажуваа тајните.