пои
појат; пој, појте; поев, поеја; поел; поен; поејќи; поење; појав, појаа; појал; појан
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 7965
1.
Дава вода да пие на добиток; води на поило.
Примери:
Секое утро ги пои кравите на потокот.
Пазарџиите го поеја добитокот со вода.
Слично со:
пие (несв.)
2.
Дава вода или некаква течност некому (на човек)
Примери:
Таа ги пои децата со природни сокови.
Таа го пои со чај од горки треви за да оздрави.
3.
Дава некому да пие, го чести.
Албански:
i jep të pijë
Ние ги поевме со вино и со ракија, а сега не нѐ погледнуваат.
Слично со:
чести (несв.)
4.
Натопи, засити со вода, наводни.
Примери:
Снеговите ја појат земјата со вода.
Нил ја пои пустината.
Слично со:
наводни (св.)
5.
Напои, вдахне со некое убаво чувство, со искуство или со знаење.
Примери:
Дедото ги поеше внуците со добрина.
Овие средби го поеја со тага.
Мајката со љубов ги поеше и со насмевка ги растеше.
Со крв ја поевме нашата земја, затоа нашата слобода е крвава.