показ
мн. покази
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 13863
1.
пример, покажување, демонстрација
Примери:
Ова беше добар показ за нашата подготвеност.
Тие служеа за показ како треба да се брани татковината.
Нивниот животен пат е показ за постојано страдање.
2.
Јавно покажување.
Англиски:
presentation
Албански:
prezantohem
Тој им ги изложи доказните материјали на показ.
Таа го изнесе на показ сето она што го знаеше.
3.
Знак што навестува, најавува.
Англиски:
indication
Албански:
shenjë
Облачното време беше показ дека ќе врне.
Лошите соништа се показ дека нешто страшно ќе се случи.
Изрази
Тоа е на показ - изложено да се види.
Тоа е на показ - се покажува, се најавува.
На показ се нови таленти.