а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пол

мн. полови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 5348
1. Припадност на човек според определени физиолошки, психолошки, физички и телесни карактеристики - машки и женски пол; мажјак и женка кај животни.
Англиски: sex Албански: gjini, seks
Употреба: Биологија
Примери:
изедначување на половите
послабиот пол
Кој пол е детето?
2. Една од двете крајни точки на замислената Земјина оска и просторот околу неа.
Англиски: pole Албански: pol
Употреба: Географија
3. Крајните делови од магнетот или од некаков енергетски синџир, две крајни точки (страни) со спротивни карактеристики.
Англиски: pole Албански: pol
Употреба: Физика
Примери:
Магнетски пол.
Позитивен пол.
Негативен пол.
Два спротивни пола на една бинарна група.
4. Нешто што е сосема спротивно.
Англиски: pole Албански: skaj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тоа се два спротивни пола.
Изрази
Убав, нежен, слаб пол - за жена, за женски пол.
Посилен, погруб пол - за маж, машки пол.