поларен
поларни
Вид збор: Придавка
Ранг: 18658
1.
Што се однесува на пол на Земјата или подрачјето околу полот.
Примери:
Поларни ноќи.
Поларна зона.
Поларна експедиција.
2.
Што живее во областа на полот, на далечниот север.
Примери:
Поларна лисица.
Поларна мечка.
Поларни народи.
3.
Многу, премногу студен.
Примери:
Поларен воздух.
Поларен студ.
4.
сосема спротивставен
Примери:
поларни мислења
поларни ставови