полетарче
мн. полетарчиња
Вид збор: Именка, среден род
1.
Птица што ги прави првите обиди да лета.
Примери:
Полетарчето од гнездото се обидуваше да летне.
Цело јато полетарчиња.
2.
Почетник во некаква дејност.
Примери:
Тој е полетарче во политиката.