а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

полжав

мн. полжави
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 4919
1. Животно од класата мекотели, живее на копно, во солени и слатки води, со меко тело, покриено со едноклеточен епител, некои форми се составени и од коскеска куќичка.
Латински: Gastropoda molluska Англиски: snail Албански: kërmill
Употреба: Зоологија
Примери:
Собираат полжави рано наутро.
Ливадата беше полна полжави.
Морски полжави.
2. Дел од внатрешното уво.
Англиски: snail Албански: kërmill
Употреба: Анатомија
Примери:
Повредата е на коскениот полжав на увото.
Спирален канал на полжавот на увото.
3. За човек - спор, мрзливец, потчинет.
Англиски: crawler Албански: përtac
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се влече (оди) како полжав.
Пред директорот е полжав, а пред нас се сили.
Изрази
Полжав пуштил рогови - покажува лажна храброст и сила.
Изведенки
полжавче ср.
мн. полжавчиња