полжав
мн. полжави
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 4919
1.
Животно од класата мекотели, живее на копно, во солени и слатки води, со меко тело, покриено со едноклеточен епител, некои форми се составени и од коскеска куќичка.
Примери:
Собираат полжави рано наутро.
Ливадата беше полна полжави.
Морски полжави.
2.
Дел од внатрешното уво.
Примери:
Повредата е на коскениот полжав на увото.
Спирален канал на полжавот на увото.
3.
За човек - спор, мрзливец, потчинет.
Примери:
Се влече (оди) како полжав.
Пред директорот е полжав, а пред нас се сили.
Изрази
Полжав пуштил рогови - покажува лажна храброст и сила.
Изведенки
полжавче ср.
мн. полжавчиња
мн. полжавчиња