а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

положба

мн. положби
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 951
1. Место, поставеност на нешто во просторот во однос на нешто друго.
Англиски: location Албански: pozitë, lokacion
Примери:
Македонија има централна положба на Балканот.
топографска положба
2. Позиција, став како е поставено човековото тело или некој предмет.
Англиски: position Албански: pozitë
Примери:
легната положба
незгодна положба на вратот
неудобна положба
3. Место, улога, позиција во општеството.
Англиски: place Албански: pozitë
Примери:
Положбата на жените во општеството сега е изменета.
Тој е сега на висока положба.
4. Состојба, ситуација во која се наоѓа некоја заедница, земја, држава и сл.
Англиски: situation Албански: pozitë, situatë
Употреба: Преносно значење
Примери:
општествено-политичка положба
економска положба
меѓународна положба
5. Состојба обусловена од околностите во кои се наоѓа некој.
Англиски: circumstance Албански: gjëndje, pozitë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој сега е во многу тешка положба.
Положбата на жителите е многу тешка.