положба
мн. положби
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 951
1.
Место, поставеност на нешто во просторот во однос на нешто друго.
Англиски:
location
Албански:
pozitë, lokacion
Македонија има централна положба на Балканот.
топографска положба
2.
Позиција, став како е поставено човековото тело или некој предмет.
Примери:
легната положба
незгодна положба на вратот
неудобна положба
Слично со:
став (м.)
3.
Место, улога, позиција во општеството.
Примери:
Положбата на жените во општеството сега е изменета.
Тој е сега на висока положба.
4.
Состојба, ситуација во која се наоѓа некоја заедница, земја, држава и сл.
Примери:
општествено-политичка положба
економска положба
меѓународна положба
5.
Состојба обусловена од околностите во кои се наоѓа некој.
Примери:
Тој сега е во многу тешка положба.
Положбата на жителите е многу тешка.
Слично со:
околност (ж.)