понастрана
Вид збор: Прилог
Ранг: 5185
1.
Компаратив од настрана.
Примери:
На стотина метри понастрана од патот имаше неколку карпи.
2.
Настрана, одделно од другите, посебно.
Примери:
Таа од некое време се држи понастрана од нас.
Ми рече да се тргнеме негде понастрана за да ми соопшти нешто важно.
[извор]