поолесни
поолеснат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 27636
1.
Олесни малку, донекаде.
Примери:
Неговата помош му ја поолесни работата.
2.
(се поолесни) Ми (ти, му ...) олесни малку, донекаде.
Примери:
Ќе му ја каже маката на побратимот, та белки ќе му се поолесни.
Изведенки
поолеснува несв.
(се) поолеснуваат