а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

поплака

мн. поплаки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 7520
1. Изразување незадоволство од некоја неправилност, протестирање против некого или нешто.
Англиски: complaint Албански: ankesë
Примери:
Сѐ повеќе се слушаат поплаки дека учениците не учат.
Тој ги слушаше нејзините поплаки за изгубените муштерии, за должниците.
2. Службена претставка до административен орган или суд поради незаконско, неправилно постапување на лице, установа, организација и сл.
Англиски: appeal Албански: ankesë
Употреба: Правда
Примери:
Плаќаше адвокати да му пишуваат тужби и поплаки.
Доколку некој се поплакува, поплаката и жалбата ќе оди преку окружниот суд.