попридаде
Види и:
придаде (св.)
попридадат; попридај, попридајте, попридадов, попридадоа, попридал, (ќе) попридадев, (ќе) попридадеа, (ќе) попридадел, попридаден
Вид збор: Глагол, свршен
1.
Придаде, додаде уште малку нешто како дополнување, дополни.
Англиски:
add
Ќе ми попридадеш ли некој денар?
Тој попридаде уште еден играч во екипата.
2.
Придаде некое својство, особина; припише смисла, значење.
Тоа му попридаде поинаков изглед на цртежот.
Изведенки
попридава несв.
попридаваат
попридаваат