а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

поприште

мн. попришта
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 24798
1. Место на дејствување, поле за некаква дејност.
Англиски: battlefield Албански: fushëbetejë
Употреба: Воен термин
Примери:
Воено поприште.
Бојно поприште
Стапувајќи на литературното поприште, Рацин се свртува кон народната поезија.
2. Период на животна дејност, активност; самата дејност, професија занимање.
Англиски: battlefield Албански: fushëbetejë
Примери:
Едно друго поприште му изгледаше тогаш попримамливо во неговиот живот.
Тешко е неговото поприште и горко ќе ја почувствува тој својата осаменост.