поразбистри
поразбистрат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 44573
1.
Направи нешто да стане побистро.
Примери:
Откако ја поразбистри водата, почна да црпи со кофата.
2.
Направи нешто да стане појасно, пообјасни, поразјасни нешто.
Примери:
Треба да ја поразбистриме работата, зашто по тоа прашање не сме едногласни.
3.
(се поразбистри) Станe побистар.
Примери:
Водата се поразбистри.
4.
(се поразбистри) Стане појасен, се поразјасни.
Примери:
По разговорот ситуацијата се поразбистри.
Изведенки
поразбиструва несв.
(се) поразбиструваат