порастера
порастераат
Вид збор: Глагол, свршен
1.
Растера, разбрка многумина, сите.
Примери:
Таа ги порастера децата од дворот.
2.
Отстрани, изгони малку, донекаде.
Примери:
Прошетката ѝ ги порастера мислите за него.
3.
За магла, облаци - разнесе, расее малку.
Примери:
Ветрот ги порастера облаците.