посета
мн. посети
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1567
1.
Одење кај некого на гости, на видување, на разговор.
Примери:
Тој се сеќаваше на нејзините ретки, краткотрајни посети.
Во себе ја нагаѓам причината за оваа ненадејна посета.
2.
Одење за да се види некоја знаменитост или некое место.
Англиски:
sightseeing
Албански:
vizitë
Тоа беше неговата прва посета во Виена.
За учениците беше оранизирана посета на манастирот.
Слично со:
екскурзија (ж.)
3.
Одење на делегација, на претставници на власт, установа, организација на средба од службени потреби.
Примери:
Официјална посета.
Државна посета.
Службена посета.
Работна посета.
Изрази
Домашна посета - лекарски преглед во домот на болниот.